Согласно однапред утврдената динамика на исплата на средствата за секое новородено дете во општина Неготино, денеска на пригодна свеченост во салата за состаноци на локалната самоуправа на 40 родители кои во месеците ноември, декември и јануари имале принова во семејствата им ги доделив вредносните ваучери во висина од 7.000 денари или за оваа намена од Буџетот на општина Неготино издвоивме вкупно 280.000 денари. Ја искоростив можноста на сите присутни да им ги честитам новороденчињата и да им посакам многу здравје и среќа.