Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Култура|

   Во изминатите три дена на градскиот плоштад во Неготино во присуство на голем број љубители на спортот се одиграа натпреварите од 5-иот по ред традиционален ноќен турнир во улична кошарка што го организираа локалната самоуправа и Кошаркарскиот клуб Неготино, а на кој учество зедоа над 20 пријавени екипи кои се натпреваруваат во повеќе категории. Синоќа со одогрувањето на натпреварите за трето и за прво место беа познати и победниците, па така во финалниот натпревар во најинтересната категорија за машки над 18 години победник е екипата на С.О.С која во финалниот натпревар ја совлада екипата на Либерта со резултат 15-10 и сосема заслужено го освои првото место. Исто така, се одиграа и натпреварите за пласман и во категоријата ,, петлиња ,, женски до 18 и машки до 18 годишна возраст. Наградите на најуспешните им ги додели градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој на кошаркарите им се заблагодари на масовното учество и им честита за квалитетот на прикажаната игра, додавајќи оти сите овие моменти се пресудни идната година нивото на  овој традиционален турнир да биде подигнато на уште повисоко ниво.

 

 

     

Close Search Window