Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Со цел за надминување на пречките од физичка непристапност долж главната улица во градот која поврзува неколку важни институции и овозможување пристап до истите за сите граѓани, а посебно за 120 регистрирани лица со попреченост во општината од кои 7 се малолетници, повозрасни лица, родители кои се движат со колички и други, општина Неготино во соработка со УНДП започна реализација на проект за реконструкција на тротоари на ул„Маршал Тито“ и изведба на спуштени тротоари. Се реконструира тротоар во должина од 223 метри и ширина од 3,4 метри кај градскиот стадион и тротоар во должина од 328 метри и иста ширина од градската библиотека до центарот на градот, а се изведуваат и спуштени тротоари на неколку локации. Со реализацијата на проектот бенефит ќе имаат сите граѓани, ќе се овозможи подобар инфраструктурен пристап за движење на лицата со хендикеп со нивните помагала, подобар урбан изглед на градот и обезбеден пристап до поважните институциии. Вкупната потпишана вредност на проект изнесува 3.350.000 денари од кои УНДП обезбедува околу 70 отсто од средствата, а општина Неготино учествува со финансиски средства во висина од 1.156.762 денари. Изведувач на работите е Павер трејд ДООЕЛ.

Close Search Window