На иницијатива на градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева за прв пат во градот по повод христијанскиот празник Бадник годинава ќе се организира заедничка бадникова трпеза за граѓаните од социјално ранливите категории.
Овој хуманитарен настан ќе се одржи во вторник на 6-ти јануари со почеток од 13 часот. Градоначалничката Нацева потенцира дека Бадник е празник на духовен мир и заедништво и додаде дека секој човек заслужува топол и достоинствен оброк. Токму затоа, општина Неготино ќе обезбеди бесплатна бадникова трпеза за сите заинтересирани граѓни кои имаат потреба од топол празничен оброк.


