Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Почитувани,
Со цел за заштита и спречување од шумски пожари на отворен простор, Ве известуваме дека во периодот од 03.08.2021 година во терминот од 00:00 до 24:00 часот е воведена целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште и истата ќе трае се до проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари, односно, до нејзино отповикување.
За граѓаните од Општина Неготино, забраната за движење се однесува за шумските предели односно местата ( Горни Дисан, Вешје, Калањево, Бела Вода, Липа, Брусник, Штипски рамнини, пределот околу Гоцевата шума и сл.).
 Забраната за движење важи за сите граѓани од општина Неготино освен за жителите кои живеат во овие места.
Сите граѓани кои имаат земјоделски површини,одгледуваат стока или пчели ќе може да се движат во овие места само со дозвола издадена од ПСШ „ Демир Капија “ од  Демир Капија.
За непочитување на оваа забрана сите физички лица кои ќе се затекнат да се движат во шума и шумски предели, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им биде изречена глоба од 1500 до 2000 евра во денарска противвредност.
Close Search Window