Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Претставата “Како да (не) снимиш мрсен филм” на кавадаречкиот театар “Иван Мазов Климе” ќе биде дел од богата програма која што Општина Неготино ја организира во рамките на прославата на Денот на ослободувањето на градот – 8 Ноември. Истата ќе биде одиграна на сцената на Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” во Неготино на 7 ноември (понеделник), со почеток од 19.00 часот.

Оваа урнебесна комедија е работена според текст на Милан Гргиќ, меѓутоа истата е целосно преработена и адаптирана со неколку додадени ликови и сцени од страна на режисерот. Претставата е комедија на ситуации, со одлично разработени ликови и случувања, со секојдневен и лесно препознатлив хумор кој актерите мошне успешно го донесуваат на сцената. Се работи за актерска екипа составена од искусни и млади актери, што претставува одличен спој кој ја прави претставата уште поитересна за гледачите. Режијата на претставата е на Диме Коцевски, а сценографијата на Диме Темков. Улогите ги толкуваат: Видан Станоев, Александар Видиков, Саше Орешков, Надица Ангелкова, Кристина Јованова, Деан Атанасов, Сијче Трајкова, Никола Деков и Диме Коцевски.

Close Search Window