Активности и настани за 2010
Локалната установа Библиотека “Страшо Пинџур” е културна установа која покрај својата основна дејност за набавка, чување и изнајмување на литературни изданија (книги, лектири, белетристика и други книжевни дела), во рамките на својот делокруг на работа организира и други културни настани како на пример: литературни читања, промоции и изложби на книги и книжевни изданија, распишува литературни конкурси на различни теми, организира други литературни настани со натпреварувачки карактер, итн.
Календарот на активности на локалната установа библиотека “Страшо Пинџур” за 2010 година, покрај основната дејност вклучува и голем број на настани и активности меѓу кои поважни се:
Месец март:
Организирање на Литературно читање со учество на еминентни поети-писатели од Република Македонија
Место на одржување: СОУ “Св. Кирил и Методиј” – Неготино
Месец април:
Одржување на работен состанок со професорите и наставниците по македонски јазик од училиштата во градот, со цел за утврдување на потребите на учениците во однос на лектирите и лектирните изданија наменети за учениците
Месец мај:
Организирање на изложба на книги добиени од Владата на Република Македонија и други книжевни изданија – белетристика
Месеци јуни и јули:
Организирање на обуки за едукација на вработените во Библиотеката со начинот на користење и работа со софтверскиот систем КОБИС, кој служи за електронско поврзување помеѓу библиотеките и претставува почетно ниво на дигитализација на библиотеките во нашата земја
Месец август:
Подготовка за почетокот на школската година во однос на набавување и докомплетирање на лектири и лектирни изданија со цел за задоволување на потребите на учениците од општината
Месец септември:
Организирање на повеќе литературни читања, како начин за доближување на книгата до младите и воопшто граѓаните на општината. Овие литературни читања се организираат во соработка со надлежните државни институции и еминентни имиња на македонската литература
Месец октомври:
Распишување на Литературен конкурс на тема “Книгата”
Месец ноември:
Организирање на државната манифестација: “Натпревар на млади библиотекари”. Оваа манифестација најпрво се организира на општинско, а потоа и на државно ниво.
Годинава новина во библиотеката е тоа што уписот на членовите на библиотеката ќе започне од 1 јануари 2011 година и ќе трае една календарска година, а не како до сега една школска година.