Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

ЛЕР и јавни дејности, Новости|

На ден 25.04.2023 година во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје се одржа Информативниот ден за запознавање со активностите во рамките на меѓународниот проект подржан од Исланд,Лихтенштајн,и Норвешка  Bee Con Sel,,Заеднички активности за зачувување и селекција на медоносните пчели,,Преставници од Пчеларското здружение,,Неготински мед,,-Неготино беа 3 учесници :   Миле Тошев,Митко Ѓорѓиев и Драги Павлов. Согласно Програмата имаше теоретска и практична презентација во лабораторијата за биологија и селекција на медоносните пчели на теми: Воведување на инструментално осеменување на матици,контрола  на спарување кај медонсните пчели и прелиминарни резултати од теренските истражувања.Свои излагања презентираа нашите познати научни работници  од Катедрата за пчеларство Проф.Д-р Александар Узунов,М-р Борче Павлов и Дипл.инж Горан Алексовски со цел за унапредување на новите практики во пчеларството.
Close Search Window