Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Култура, Новости|

Вечерва (10.05.) во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” со претставата “Брачна комедија” на театарот “Сцена Mаска” од Република Србија, ќе започне Програмата на вториот интернационален фестивал на дуодрама “Бранко Ѓорчев”. Пред почетокот на претставата официјално ќе биде отворено овогодинешното издание на овој театарски фестивал, кој има натпреварувачки карактер и е единствен од ваков вид во земјата.

Инаку претставата “Брачна комедија” e комичен приказ на начинот на финкционирањето и темите кои ја следат секоја брачна заедница. Брачна двојка излегува во новоотворениот ресторан да прослави седумнаесет години брачен живот. Преку дејствието дознаваме дека имаат шест деца: две нејзини деца од првиот брак, две негови деца од неговиот прв брак и нивните две деца од нивниот брак. За време на вечерата се отвораат теми за кои не е планирано да се разговара таа вечер: свекрва и снаа, деца, но и односот меѓу маж и жена во бракот и машко-женските односи и правата на жените и мажите, до желбата за развод.

Режисер на претставата е Иван Томашевиќ, а костимографијата е на Селена Младеновиќ.

 

Close Search Window