ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости

Националната координаторка за локална самоуправа во посета на општина Неготино

Националната координаторка за локална самоуправа во посета на општина Неготино

Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева  оствари работна средба со г-ѓа Лилјана Затуроска – Национален координатор за локална самоуправа, Верче Мицевска- Национален координатор за безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика и Снежана Трпевска-Надворешен советник за унапредуване на образование, здравство и социална заштита и спроведуване на конвенциата на ООН за правата на лицата со попреченост

На средбата се разговаравше за проектите кои општина Неготино ги реализира и кои планира да ги спроведе, за тековните состојби и предизвиците со кои се соочуваат локалните самоуправи, како и за можностите за унапредување на соработката помеѓу централната и локалната власт.

Во разговорите акцент беше ставен и на унапредување на можностите за подобрување на услугите кон граѓаните, поддршката за реализација на развојните процеси на локално ниво и креирање политики кои директно ќе придонесат за подобрување на животот на граѓаните на општина Неготино.

На средбата ја истакнавме потребата и важноста на соработката преку директна комуникација со цел заедничко усогласување и креирање решенија во интерес на граѓаните.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email