Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

ЛЕР и јавни дејности, Новости|

Се одржа и третата форумска сесија во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“ на која учесниците ги усвоија концептитет на пет предлог проектите од кои на наредната сесија ќе се изврши избор на проектот кој ќе се реализира во општина Неготино. Предлог проектите од кои ќе се избира на четвртата сесија се:

– Подобрување на пристапноста за лицата со посебни потреби – реконструкција и спуштање тротоари

– Сензорна соба

– Поставување лифт во општинската зграда

– Уредување на Културно – рекреативен центар

– Обезбедување возило за превоз на лица со посебни потреби

Проектот „Зајакнување на општинските совети“ е финансиран од Швајцарската влада и од Министерство за локална самоуправа, а го спроведува и ко-финансира УНДП. Имплементацијата на избраниот проект со свои средства ќе ја поддржи и Општина Неготино.

Close Search Window