ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости

Неготинските матуранти на плоштадот го одиграа традиционалниот матурски танц

Неготинските матуранти на плоштадот го одиграа традиционалниот матурски танц

Денес точно напладне на градскиот плоштад дел од матурантите од СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ од Неготино го одиграа традиционалниот матурски танц.

Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева на сите матуранти – млади луѓе полни со позитивна енергија подготвени да зачекорат кон нови почетоци и предизвици кои ги очекуваат во наредниот период им го честиташе матурирањето и влегувањето во светот на возрасните, со желби за добро здравје и среќа во животот, како и успех на личен и професионален план.

Притоа, градоначалничката Нацева го изрази  убедувањето дека најголемиот дел од матурантите ќе го продолжат сопственото образование на една од високообразовните установи во Република Македонија и на тој начин ќе создадат предуслови за надградба на знаењата кои несомнено ќе им бидат од голема корист при реализирањето на идните работни и животни кариери.

Честитки до матурантите упати и директорката на СОУ „Св. Кирил и Метиодиј “ Сузана Стоева.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email