Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Под мотото ,, Заедно го менуваме светот ” во организација на Дневниот центар Порака од Неготино се одржа пригоден настан со кој се одбележа Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби. Кино салата на НУ Центар за култура Ацо Ѓорчев беше исполнета до последното место со присуство на голем број заинтересирани граѓани, претставници на локалната самоуправа, на Советот на општина Неготино и други. На настанот беше истакнато дека Дневниот центар Порака функционира веќе 20 години и во моментов води грижа за вкупно 102 лица корисници на неговите услуги.
Од настанот беа испратени пораки за создавање инклузивно општество и промени за да нема дискриминација, а присутните имаа можност да уживаат во богатата и со разновидни содржини исполнета програма.

Close Search Window