Општина Неготино во соработка со СОУ „Св. Кирил и Методиј“ аплицираше и и беше одобрен грант проект, по што договорот беше потпишан и истиот може да започне да се реализира. Проектот е финансиран од Министерството за надворешни работи на Република Бугарија преку амбасадата во Македонија. Имплементатор е општина Неготино, корисник е средното училиште во нашиот град, проектот е со времетраење од 10 месеци до 13.03.2026 година и е со вредност од 972.260 денари.
Со реализацијата на овој проект ќе се набави опрема за средното училиште „Св. Кирил и Методиј“ и тоа лабораториски дигестор, печка за жарење, лабораториска сушара, дехидратор за овошје и зеленчук, иноксна ферментациска комора изработена по Хасап стандарди и 3Д печатач.