Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева одржа работна средба со директорот на Агенцијата м-р Пеце Стојковски на која го потпишаа меморандумот за соработка кој има за цел да обезбеди координација, заеднички активности и меѓусебно помагање во насока на поддршка при обезбедување на услуги за информирање, едукација, обука, здружување, како и административна поддршка за жителите од руралните средини.
Исто така, меморандумот има за цел да се формализа и продлабочи взаемната соработка во насока на унапредување на земјоделското производство, поддршка при градење на регулативата и советодавна поддршка за тековните и новите земјоделски производители.
На средбата се разговараше и за поддршката која може да се обезбеди од страна на АПРЗ за земјоделските производители во насока на модернизација и оптимизација на нивното производство.
