Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Во организација на општина Неготино и Градскиот шаховски клуб “Неготино” во периодот од 12 до 16 април ќе се одржи отвореното градско првенство во шах “Неготино Опен 2023”. Отварањето на турнирот ќе биде на 12 април (среда) во 17.00 часот, а истиот ќе се одржи во просториите на градскиот шаховскиот клуб “Неготино” (ТИЦ Желкова куќа, 2 кат). Право на учество на турнирот имаат сите заинтересирани граѓани на општина Неготино. Наградниот фонд за најдобрите шахисти на турнирот изнесува 20.000 денари. Пријавувањето за учество се врши кај претседателот на градскиот шаховски клуб “Неготино” ВМ Трајче Недев, на тел. број 075/416-496, најдоцна до 12 април (среда) до 14.00 часот.

Close Search Window