Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Врз основа на апликацијата до ресорното Министерство со доставен основен проект и одобрение за градба, општина Неготино обезбеди финансиски средства во висина од 22.600.000 денари за изградба на потисен цевковод и резервоар за вода за пиење во с. Тремник. За таа цел, Министерството за животна средина и просторно планирање објави јавна набавка за избор на најповолен понудувач за изведување на работите. Предмет на овој проект е изградба на потисен цевковод со должина од 3.300 метри почнувајќи од бунарот до новиот резервоар, како и изградба на резервоар на вода за пиење со капацитет од 250 м3 во Тремник на КП 3977. Со реализацијата на проектот ќе се реши деценискиот проблем со водоснабдувањето со кој се соочуваа жителите на селото, со напомена дека предвидениот период за експлоатација на резервоарот изнесува 30 години. Исто така, општина Неготино има изготвено и проектна документација за комплетно асфалтирање на целата улица долж која ќе се поставува потисниот цевковод.

Close Search Window