Врз основа на член 45 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 14/20, 215/21, 99/22 и 208/24), а во врска со Предлогот за вработување на кандидат бр. 10-1762/9 од 01.09.2026 година, заведено во Општина Неготино под бр. 04-1472/17 од 09.09.2026 година по Јавен оглас бр. 509/2026, секретарот на Општина Неготино ја донесе следната:
О Д Л У К А
за избор на кандидат за вработување на административен службеник по пат на јавен оглас
1. За извршител на работното место Виш соработник за евиденција и осигурување на општински имот и јавни набавки, во Одделението за финансиски работи, Сектор за финансиски прашања, со шифра на работното место УПР 01 01 В02 000, за 1 (еден) извршител, се избира кандидатот ДРАГИ МИНОВ.
2. Избраниот кандидат од точка 1 на оваа одлука ќе биде вработен на неопределено време, по конечноста на одлуката, согласно закон.
3. Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето.
О б р а з л о ж е н и е
Агенцијата за администрација, по барање на Општина Неготино, објави Јавен оглас бр. 509/2026 од 20.07.2026 година, во дневните весници „Слободен печат“, „Вечер“ и „Коха“, за вработување на 1 (еден) административен службеник на неопределено време, за работното место Виш соработник за евиденција и осигурување на општински имот и јавни набавки, во Одделението за финансиски работи, Сектор за финансиски прашања, со шифра УПР 01 01 В02 000. Во постапката по наведениот јавен оглас, Комисијата за селекција за вработување ја спроведе административната селекција на кандидатите и за истата состави Записник бр. 10-1762/5 од 06.08.2026 година. На огласот се пријавиле вкупно 11 кандидати, од кои 1 уреден кандидат и 10 неуредни кандидати, при што еден кандидат продолжил во втората фаза од постапката. На 27.08.2026 година Комисијата го спроведе испитот за административен службеник и за истиот состави Записник бр. 10-1762/7 од 27.08.2026 година. По спроведениот испит, на 31.08.2026 година беше спроведена проверка на веродостојноста на доказите и интервју за работа, за што Комисијата состави Записник бр. 10-1762/8 од 31.08.2026 година.
По завршувањето на сите фази од постапката за селекција, Агенцијата за администрација до Општина Неготино, со акт бр. 10-1762/9 од 01.09.2026 година, достави Конечна ранг-листа на кандидати од сите фази на селекција и Предлог за вработување на кандидатот со најголем број освоени бодови за работното место број 1 по Јавен оглас бр. 509/2026. Врз основа на доставената конечна ранг-листа и Предлогот за вработување, секретарот на Општина Неготино го избра предложениот, односно прворангираниот кандидат Драги Минов, за работното место виш соработник за евиденција и осигурување на општински имот и јавни набавки.
Имајќи го предвид горенаведеното, секретарот на Општина Неготино одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против оваа одлука кандидатот кој не е избран има право на жалба во рок од 8 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб-страницата и огласната табла на Агенцијата за администрација, до Агенцијата за администрација.