ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости

Пожарникари од ТППЕ Неготино доставија техничка вода за жителите на Гостивар

Пожарникари од ТППЕ Неготино доставија техничка вода за жителите на Гостивар

Продолжува континуираната поддршка од општина Неготино за граѓаните на општина Гостивар.

По доставената чиста вода за пиење, на терен во Гостивар се присутни пожарникари на ТППЕ Неготино со противпожарно возило со кое се доставува вода до населението од општина Гостивар.

Општина Неготино и градоначалникот Марија Нацева остануваат подготвени за давање на секаква поддршка со цел за надминување на проблемот со недостигот од вода за гостиварчани.

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email