ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости

Покана за учество во акција за пошумување!

Покана за учество во акција за пошумување!

Општина Неготино, преку Оделението за урбанизам и заштита на животната средина, организира акција за пошумување со цел зголемување на зелените површини и унапредување на животната средина.

Акцијата се реализира во соработка со МЕН ЕНД МАУНТЕНС (МАМ), организатори на „Генералка викенд“, кои обезбедуваат донација на садници. Како резултат на нашето активно учество, Општина Неготино доби насади кои официјално го носат името „Сончева гора“.

На ден 13.03.2026 година (петок) ќе се засадат 100 садници Свилен Багрем / Кинеска Мимоза со висина од 2 метри, на локација Споменик Манчо Малиминов, со почеток во 9:30 часот.
Со ова ве покануваме да земете активно учество во акцијата и заеднички да придонесеме кон создавање поздрава и позелена животна средина.

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email