Врз основа на потпишаниот договор помеѓу Владата на РС Македонија како инвеститор на проектот, ТАВ Македонија ДООЕЛ Мралино како финансиер, ТАВ Тепе Акфен како изведувач на работите и општина Неготино како корисник, за регулирање на меѓусебните права и обврски помеѓу договорните страни, предвидена е реконструкција на улица во селото Војшанци.
Станува збор за улица во селото во должина од 250 метри пред мостот во Војшанци.
Вкупната вредност на целиот проект изнесува 3.883.008 денари со вклучен ДДВ.