ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости

Реализирање на проекти за промоција на регионот Повардарие

Реализирање на проекти за промоција на регионот Повардарие

Промоција на регионот Повардарие како туристичка дестинација атрактивна како за домашните, така и за странските тур – оператори беше тема на настанот на кој учествуваше градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева заедно со колегите од другите општини од регионот.

По повеќе од две години заеднички напори на тимовите од општините се постигна договор за меѓуопштинска соработка со цел за препознавање на овој регион како атрактивна туристичка дестинација и за странските и домашните туристи.

Меѓу другото, со средства од Европската унија преку проектот ,, ЕУ за општините ” се финансираше создавање на функционална веб страница на регионот Повардарие povardarie.mk како основна алатка за промоција на регионот и пред се задржување на транзитните туристи на подолг период, но и привлекување нови. Сите општини го одбележаа и го промовираа сработеното постигнувајќи договор заеднички да работат добриот глас за нашите општини да се слушне надалеку.

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email