Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

На барање на жителите кои што живеат на тој дел од градот пред 20-тина денови се започна со реализација на градежни активности на улицата Манчо Малиминов кои се однесуваат на реконструкција на скалите на споменатата улица.

Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева деновиве информираше дека ветувањето дадено на жителите од оваа улица е исполнето и скалите се комплетно реконструирани.Со изведувањето на овие градежни активности безбедноста на граѓаните при движењето по улицата Манчо Малиминов е подигнато на повисоко ниво.

Close Search Window