ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости

Се одржа промоција на книгата „Сите за Форисна“ и се потпиша меморандум за соработка

Се одржа промоција на книгата „Сите за Форисна“ и се потпиша меморандум за соработка

Во присуство на членови на семејството Кулакови, роднини, пријатели и други присутни, во салата за состаноци на општина Неготино се одржа промоција на книгата „Сите за Фросина“ во спомен и чест на нашата прерано почината сограѓанка Фросина Кулакова.

Присутните имаа можност да проследат дел од поетските творби подготвени од членовите на поетското зздружение „Тиквешки цветови“ посветени на Фросина која иако не е физички присутна меѓу нас, нејзината приказна останува силен потсетник за потребата од промени и двигател за создавање на култура за грижа, правда и одговорност.

Препознавајќи ја потребата од воспоставување долгорочна институционална соработка во областа на културата, младинскиот развој, хуманоста, јавната свест, а водени од вредностите на креативноста, човечноста, достоинството и јавниот интерес, општина Неготино и Фондацијата „Фросина Кулакова“ ја официјализираа соработката преку потпишување меморандум за соработка.

Присутните на настанот имаа можност да купат примерок од книгата „Сите за Фросина“, а од семејството информираа дека собраните средства ќе бидат наменети во хуманитарни цели.

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email