Во ООУ Гоце Делчев во Неготино во тек се активности во рамките на проектот со кој училиштето аплицираше до Министерството за образование и наука и истиот беше одобрен од надлежните институции.
Станува збор за реконструкција на кров над училишната спортска сала и трите училници и тоалетите за првачињата со фази поставување архитектура и електро техника до комплетно завршување на проектот и добивање на очекуваните бенефиции.
Финансиските средства потребни за реализација на проектот се обезбедени од Министерството за финансии во Владата на Република Македонија и од Светската банка. Работите се одвиваат според однапред утврдена динамика.
