Согласно договорот склучен меѓу Вод-вар инженеринг ДООЕЛ Скопје и општина Неготино започнаа градежни активности за реконструкција на фекалната канализација на 2 улици во Неготино.
Градежните работи се однесуваат на реконструкција на фекалната линија од фекалната канализација на потегот од ул. Владо Арсов Шпанац до ул. Ацо Аџи Илов согласно Основниот проект изработен од Астрекс ДООЕЛ Скопје.
За вршење на надзорот на градежните работи се задолжени од Студио Архивисион од Скопје.