Врз основа на член 73 став 1 од Законот за даноците на имот („Сл. весник на РМ“ бр. 61/04… 23/16 и „Сл. весник на РСМ“ бр. 151/21) и член 16 од Законот за комуналните такси („Сл. весник на РМ“ бр. 61/04… 23/16 и „Сл. весник на РСМ“ бр. 151/21), Општина Неготино ги известува сите даночни обврзници дека започнува постапка за присилна наплата на сите неплатени обврски за комунална такса – фирмарина за 2026 година.
За ненаплатените обврски ќе биде поведена постапка за присилна наплата, вклучително и блокирање на трансакциските сметки, согласно законските прописи.
Се повикуваат сите обврзници во најкраток можен рок да ги подмират своите обврски и да избегнат дополнителни трошоци.
Со почит,
Општина Неготино