Врз основа на член 62, став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2023 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
за јавен увид за
Урбанистички проект (УП) вон опфат на Урбанистички план за формирање на градежна парцела ГП 2 со основна класа на намена Е1.13 – Површински соларни фотоволтаични електрани, на дел од КП 418, дел од КП 419, дел од КП 420/1, дел од КП 420/3 и дел од КП 408, КО Војшанци, Општина Неготино
Граници на проектниот опфат се:
– на исток – КП 417 и поминува низ КП 408, КО Војшанци
– на запад – КП 421 и поминува низ КП 408, КО Војшанци
– на север – поминува низ КП 408, КО Војшанци
– на југ – поминува низ КП 408, поминува низ КП 420/1 и поминува низ КП 418, КО Војшанци
Опфатот е со површина од 1,13 ха.
Урбанистичкиот проект е објавен на веб страната на општината. Јавниот увид ќе трае 15 дена започнувајќи од 13.06.2023 до 27.06.2023 година. За време на траењето на јавниот увид заинтересираните правни и физички лица подетални информации можат да добијат во Општина Неготино.
Во текот на јавниот увид, забелешките можат да достават сите заинтересирани физички и правни лица на анкетни листови.