Врз основа на член 62, став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2022 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е за јавен увид за УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН за Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани и Е1.8 – Водови за пренос на електрична енергија на КП бр.264, КП бр. 267, КП бр. 268/1 и КП бр. 269, К.О. Војшанци, Општина Неготино
Граници на проектниот опфатот се:
-на север- КП 270
-на запад-КП 93/2
-на исток – КП 265;
– на југ пристапен пат и КП 262 и КП 263.
Опфатот е со површина од 1.92 ха.
Урбанистичкиот проект е објавен на веб страната на општината. Јавниот увид ќе трае 15 дена започнувајќи од 20.12.2022 до 03.01.2023 година. За време на траењето на јавниот увид заинтересираните правни и физички лица подетални информации можат да добијат во Општина Неготино.
Во текот на јавниот увид, забелешките можат да достават сите заинтересирани физички и правни лица на анкетни листови.