Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Урбанизам|

Врз основа на член 62, став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20, 111/23 и 171/24), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2025 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

за јавен увид за
Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со основна класа на намена Г4 – Стоваришта, складови и отпади на дел од КП 3927/4, КO Неготино, Општина Неготино

Граници на проектниот опфат се:
– на север КП 3927/2
– на исток низ КП 3927/4
– на југ КП 3927/3
– на запад КП 3884

Површина на проектниот опфат во рамки на опишаните граници изнесува 2249,55 м2 или 0.224 ха.
Урбанистичкиот проект е објавен на веб страната на општината. Јавниот увид ќе трае 15 дена започнувајќи од 05.02.2025 до 19.02.2025 година. За време на траењето на јавниот увид заинтересираните правни и физички лица подетални информации можат да добијат во Општина Неготино.

Во текот на јавниот увид, забелешките можат да достават сите заинтересирани физички и правни лица на анкетни листови.

11-51-Анкетен лист

5.УП Костадинова Нада -синтезен

Close Search Window