Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Урбанизам|

Врз основа на член 62, став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20, 111/23 и 171/24), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2025 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

за јавен увид за
Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела ГП 2 со основна класа на намена Г4 – Стоваришта, складови и отпади на дел од КП 3927/1, КО Неготино, Општина Неготино

Граници на проектниот опфат се:
– на североисток КП 9569
– на северозапад низ КП 3927/1
– на југоисток КП 3927/2
– на југозапад низ КП 3927/1

Површина на проектниот опфат во рамки на опишаните граници изнесува 2037,45 м2 или 0.203 ха.

Урбанистичкиот проект е објавен на веб страната на општината. Јавниот увид ќе трае 15 дена започнувајќи од 13.02.2025 до 27.02.2025 година. За време на траењето на јавниот увид заинтересираните правни и физички лица подетални информации можат да добијат во Општина Неготино.

Во текот на јавниот увид, забелешките можат да достават сите заинтересирани физички и правни лица на анкетни листови.

00.УП Верка Серафимовска синтезен

11-68-анкетен лист

Close Search Window