Се известуваат сите правни и физички лица од просторот,опфатен со изработката на Нацрт – Детален Урбанистички план за Урбана заедница 3 дел од УБ 3.2 Неготино, дека Градоначалникот на Општина Неготино донесе Одлука за организирање на:
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
По Нацрт – Детален Урбанистички план за Урбана заедница 3 дел од УБ 3.2 Неготино тех број 2908 од 2013 год. изработен од ,,Дизајн Центар Инженеринг,, Трајче дооел Кавадарци кој е утврден од Советот на Општина Неготино на седница одржана на 27-09-2013 год.
Нацртот на планот со графичкиот прилг ќе биде изложен во просториите на Општина Неготино, 5 работни дена од 02-10-2013 до 08-10-2013 год. секој работен ден од 08 до 16 часот.
Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со Планот може да достават писмени забелешки ,предлози и мислења на Анкетни листови. Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во архивата на Општина Неготино .
Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на 08-10-2013 год.во големата сала на Општина Неготино во 13 часот.