Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

За организирање на Јавна анкета и Јавна презентација  за Предлог планот –  Измена на ДУП за УЗ 5 дел од блок 1, општина Неготино  (помеѓу ул.„Браќа Миладиновци“, „Ида Бенчиќ“ и „Јован Димитров“)
Граници на опфатот сe:  на север  е улица „Ида Бенчиќ“ ,  на исток крак од  улица  „Јован Димитров“, на југ  улица  „Јован Димитров“  и на запад  улица „Браќа Миладиновци“ .
Опфатот е со површина  од  1,23 ха.
Јавната анкета и јавната презентација по Предлог планот –  Измена на ДУП за УЗ 5 дел од блок 1, општина Неготино, (помеѓу ул.„Браќа Миладиновци“, „Ида Бенчиќ“ и „Јован Димитров“),  со технички број  03-458/16  од февруар, 2017 година,  изработен од ДООЕЛ „НИМАЕР“ Д.Е. Скопје, ќе се спроведе со излагање на Предлог планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 10  (десет) работни денови и тоа   од  14.03.2017 година  до 27.03.2017 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 22.03.2017година  во  14.00 часот во просториите на општина Неготино.

Close Search Window