Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Врз основа на чл.69 од Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15 и 192/15) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Сл. Весник на РМ бр. 147/08 и 45/11) Градоначалникот на Општина Неготинo

                                                             О Р Г А Н И З И Р А
 
Јавен увид и јавна расправа на Нацрт Извештај за Стратегиска оцена на животната средина за Измена и дополна на ГУП за град Неготино, општина Неготино  која e достапна за увид од  14.03.2017 година до  14.04.2017 година во просториите на oпштина  Неготино ул.”Ацо-Аџи Илов” бр.2, 3-кат, канцеларија бр.31  секој работен ден од  08,00 до 16,00 часот.
    На  04.04.2016 година (вторник) ќе се одржи јавна расправа по Нацрт Извештајот за Стратегиска оцена на животната средина за Измена и дополна на ГУП за град Неготино, општина Неготино во просториите на Општина Неготино во  13 часот .
По увидот, заинтересираните граѓани, невладини и други организации  можат да ги достават своите забелешки предлози и сугестии  по однос на  Нацрт Извештајот за Стратегиска оцена на животната средина за Измена и дополна на ГУП за град Неготино, општина Неготино во писмена форма до одговорните лица за контакт во општина Неготино  во рок од 30 дена од денот на објавување.  
    Извештајот од јавната расправа ќе биде објавен на веб страната на општина Неготино.

Контакт лице :
Митко Толовски
Општина  Неготино
Ул. “Ацо Аџи Илов ” бр.2, 1440 Неготино
Тел 043/361 045 076/212-094

Close Search Window