Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Култура|

   Во рамките на четвртото издание на манифестацијата “Топол културен бран”, во организација на Општина Неготино и Министерството за култура, на 31 август (среда) со почеток од 20.30 часот во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” во Неготино, ќе гостува велешкиот народен театар “Јордан Хаџи Константинов Џинот” со комедијата “Генерална проба за самоубиство”. Ова е одлична можност за љубителите на културата и театарската уметност од општината да проследат уште еден квалитетен културен настан. Влезот за претставата е бесплатен.
 Општина Неготино е една од дваесетте општини во државата во која што се реализира манифестацијата “Топол културен бран 2011”. Како дел од истата, претходно, на 29 јули љубителите на културата од општина Неготино имаа можност да го проследат концертот на Драган Даутовски Квартет.

Close Search Window