Синоќа (11.05.) во Центарот за култура, како дел од официјалната програмата на меѓународниот театаски фестувал “Бранко Ѓорчев 2023” беше одиграна претставата “За нас почнува живот” со актерите Нино Леви и Биљана Драгичевиќ Пројковска.
Денес и утре во рамките на фестивалот ќе бидат одиграни уште две одлични театарски претстави:
Денес, (12.05.) со почеток од 20:00 ч. ќе биде одиграна театарска претстава “CANDY“ , во изведба на Театар “Златен Елец” од Скопје.
Кенди е љубовна приказна, но истовремено е сурово истражување на животот со зависност и приказ на времето во кое живееме. Претстава што говори за младиот човек денес, за борбата со болеста зависност и дискриминацијата што доаѓа со неа, за недостатоците во здравството и за тие што немаат поддршка, за сите млади луѓе што се чувствуваат заглавено во машинеријата на системот.
Утре, (сабота, 13.05.) со почеток од 19:30 часот љубителите на театарот ќе можат да ја проследат комедијата “БЕБА“, на театарот “КЕРЕКЕШ’ од Република Хрватаска, со познатите хрватски актери Мирна Медаковиќ Степинац и Љубомир Керекеш.
Свјетлана Фуфиќ ака “Беба” за прв пат оди на посета на психолог. Од голема возбуда и еден куп проблеми, едноставно започнува разговор со господин во бела униформа. Тој господин е молер и единствено што знае за психологијата е дека мора да ги обои ординацијата и ходникот на психолошката клиника. Поранешните сопрузи на Свјетлана Фуфиќ го извлекле подебелиот крај, а дали истото го чека и овој случаен психолог со валјак во рака, дознајте во новата комедија на театарот Керекеш, затоа што во чекална доаѓа “Беба”.
Веднаш по завршувањето на претставата со одлука на тричленото жири во состав: Васил Зафирчев, Роберт Ристов и Селпин Керим ќе бидат доделени и наградите за најдобар актер, актерка, најдобра партнерска игра и најдобра претстава на фестивалот.