Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Култура|

   Во организација на општина Неготино, а во рамките на програмата за култура, во чест на одбележувањето на Денот на културата, на 7 јуни (четврток) со почеток од 20.00 часот, ќе биде одиграна хит театарската претстава “Ни ваму, ни таму”. Жанрот на оваа претстава е урнебесна комедија со тематика од современиот живот. Инаку оваа комедија е моментален хит во Македонија со преку 20 изведби за само неколку месеци од премиерата, а истата е учесник и на реномираниот театарски фестивал “Војдан Чернодрински 2012”. Кратко сиже на претставата….Двајца Македонци, едниот иселеник, а другиот доселеник, случајно најдени на еден европски аеродром, на смешен начин ги фалат и кудат предностите и недостатоците на Mакедонија и „светот“. Кој, кај, што било, како ќе биде…Овде било вака, таму онака…Расправии – до тепање. Извонредна актерска игра. Де смешна, де озбилна. Длабока доживеаност и емотивно соголување. Реченици и изрази како пресадени од обичниот, секојдневен живот…Автор на претставата е Бојан Трифуновски, а играат Љупчо Тодоровски Упа, Мони Дамевски, Никола Крумев и др. Одлична можност за сите љубители на театарската уметност: четврток, 7 јуни, 20.00 часот, Центар за култура “Ацо Ѓорчев” – Неготино.                                  Влезот за претставата е бесплатен.

 

Close Search Window