Се повикуваат сите евидентирани невработени лица да се пријават за извршување на јавни работи за потребите на Општина Неготино, врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија, за 6. Програма за работно ангажирање – Јавни работи, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и Општина Неготино
Заинтересираните лица може да поднесат Пријава до 30.10.2026 година во Агенцијата за вработување на РС Македонија, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот.
Заинтересираното невработено лице пополнува Пријава за учество, изјава за согласност и доставува копија од лична карта и трансакциска сметка.
Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу општина Неготино, Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и невработените лица.
На корисниците на социјална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.