Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости, Соопштенија, Урбанизам|

Врз основа на член 27 став 5 и член 50 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20 и 111/23), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2024 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино упатува:

 

Ј А В Е Н    П О В И К

за организирање на јавна презентација и јавна  анкета за Нацрт- ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УРБАНА ЕДИНИЦА 1 ДЕЛ ОД БЛОК 3 (помеѓу улиците Маршал Тито и  „Никола Петров“) Oпштина Неготино

 

Се известуваат граѓаните, сите заинтересирани правни и физички лица од подрачјето опфатено со планот, подрачјата соседни на планскиот опфат, широката јавност, претставници на стручната јавност, претставници од органи на државната управа, претставници на единиците на локалната самоуправа, стручни лица од невладини организации и други стручни лица од областа што е релевантна за планирањето и за конкретниот плански опфат, дека општина Неготино организира јавна презентација и јавна анкета за Нацрт- ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УРБАНА ЕДИНИЦА 1 ДЕЛ ОД БЛОК 3 (помеѓу улиците „Маршал Тито“ и  „Никола Петров“) Oпштина Неготино.

 

Граници на опфатот сe:

  • на исток улица „Маршал Тито“
  • на југ улица „Никола Петров“
  • на север пешачка патека
  • на запад улица „Новопланирана“

 

Опфатот е со површина  од  0,4831 ха.

Јавната анкета

 

Јавната анкета за Нацрт- ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УРБАНА ЕДИНИЦА 1 ДЕЛ ОД БЛОК 3 (помеѓу улиците Маршал Тито и  „Никола Петров“) Oпштина Неготино, според урбанистичка документација изработена од „ПАРАМЕТАР“ ДООЕЛ Скопје со технички број  04-201/2023 од  февруари  2024 година, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино како и со објавување на планот во системот за е-урбанизам.

Јавната анкета ќе трае 30  (триесет) денови и тоа од  13.08.2024 година  до 11.09.2024 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 13.08.2024 година  во  12:00 часот во просториите на општина Неготино.

анкетен лист

Јавен повик

DUP BLOK 3 NEGOTINO (8)_compressed-1

Close Search Window