Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости, Урбанизам|

Врз основа на член 27 став 5 и член 50 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2022 и 2023 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино упатува:

Ј А В Е Н П О В И К
за организирање на јавна презентација и јавна анкета за Предлог- ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УРБАНА ЕДИНИЦА 9 ДЕЛ ОД БЛОК 28 (помеѓу улиците „Маршал Тито“, „Железничка“ и Автопат А1), Oпштина Неготино

Се известуваат граѓаните, сите заинтересирани правни и физички лица од подрачјето опфатено со планот, подрачјата соседни на планскиот опфат, широката јавност, претставници на стручната јавност, претставници од органи на државната управа, претставници на единиците на локалната самоуправа, стручни лица од невладини организации и други стручни лица од областа што е релевантна за планирањето и за конкретниот плански опфат, дека општина Неготино организира јавна презентација и јавна анкета за Предлог- ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УРБАНА ЕДИНИЦА 9 ДЕЛ ОД БЛОК 28 (помеѓу улиците „Маршал Тито“, „Железничка“ и Автопат А1) Oпштина Неготино.

Граници на опфатот сe:
• На северозапад е осовината на улица „Маршал Тито“
• • Насеверо исток и исток осовина на улица „Железничка“;
• • На југ новопланирана улица;
• • На запад е осовината на автопат А1.

Опфатот е со површина од 3,80 ха.

Јавната анкета

Јавната анкета за Предлог- ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УРБАНА ЕДИНИЦА 9 ДЕЛ ОД БЛОК 28 (помеѓу улиците „Маршал Тито“, „Железничка“ и Автопат А1) Oпштина Неготино, со тех. бр. 04-110/2022 од март, 2023 година ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на општина Неготино како и со објавување на планот во системот за е-урбанизам.
Јавната анкета ќе трае 10 (девет) работни денови и тоа од 12.04.2023 година до 25.04.2022 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 12.04.2023 година во 15:00 часот во просториите на општина Неготино.

Anketen list

1. ДУП 9.28 – 24.03.2023

 

Close Search Window