Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( „ Службен весник на РМ “ бр.5/02 ) , член 77 став 1 и став 2 од Статутот на Општина Неготино ( „ Службен гласник на Општина Неготино “ бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12, 16/14 и 13/20 ) и член 57 став 3 од Деловникот на Општина Неготино ( „ Службен гласник на Општина Неготино “ бр. 3/06 и 2/11 ) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
За свикување на петта вонредна седница на Советот на општина Неготино
Вонредната седница ќе се одржи во салата на Општина Неготино на ден 07.07.2022 година ( четврток ) во 15 часот . За седницата го предлагам следниот :
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Усвојување на записник од 13 редовна седница на Совет на Општина Неготино
2. Предлог – Одлука за давање согласност од Советот на општина Неготино за намената на инвестицијата
3. Предлог – Одлука за утврдување на приоритет на проектот од Советот на општина Неготино