Врз основа на член 62, став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2022 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
за јавен увид за
Урбанистички проект вон опфат на урбанистилки план за Е 1.13 површински соларни и фотоволтаични електрани на КП 270, КП 271 и КП 272, КО Војшанци, општина Неготино
Граници на проектниот опфат се:
– на север – КП 93/1,
– на запад – КП 93/2, КП 268/1 и КП 269,
– на југ – КП 266,
– на југозапад – КП 273 и
– на југоисток – полски пат
Опфатот е со површина од 0,99 ха.
Урбанистичкиот проект е објавен на веб страната на општината. Јавниот увид ќе трае 15 дена започнувајќи од 02.02.2022 до 16.02.20222 година. За време на траењето на јавниот увид заинтересираните правни и физички лица подетални информации можат да добијат во Општина Неготино.
Во текот на јавниот увид, забелешките можат да достават сите заинтересирани физички и правни лица на анкетни листови.