Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ бр.5/02 и Службен весник на РСМ бр.202/24 ), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 , 13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на Општина Неготино “бр.3/06, 2/11 и 7/24 ), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува 13 редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 11.09.2026 година ( петок ) во 14:00 часот.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 12 редовна седница на Совет на општина Неготино
- Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за Локален економски развој на општина Неготино за 2026 година
- Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата во областа на образованието во општина Неготино за 2026 година
- Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програма за
култура и спорт на општина Неготино за 2026 година
- Предлог – Програма за изменување на Програма за заштита на животна средина на територијата на општина Неготино за 2026 година
- Предлог – Програма за изменување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2026 година
- Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Неготино во областа на социјалната заштита во 2026 година
- Предлог – Развојна програма за измена на Развојна програма за реконструкција на улица Ленинова во општина Неготино
- Предлог – Измени и дополнувања на Буџетот на општина Неготино
- Предлог- Програма за поставување урбана опрема на јавни површини на градежно земјиште во градско подрачје на територијата на општина Неготино за време на Неготинскиот панаѓур 2026 година ( 21, 22 и 23 Септември 2026 година)
- Предлог – Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти во општина Неготино во деновите 20, 24 и 25 септември 2026 година
- Предлог – Одлука за определување на висината на надоместок за користење на Градскиот плоштад во општина Неготино за поставување на маси, шанкови и урбана опрема на ден 25.09.2026 година за Неготинска музичка вечер 2025 година
- Предлог – Решение за давање согласност на Одлука за утврдување на цените на услугите за третман на заловено сопственичко куче во ЗЈП Стационар ШЕПА Кавадарци
- Предлог – Заклучок за усвојување на Годишен извештај за работа на СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ Неготино за 2025 / 2026 година
- Предлог – Заклучок з а усвојување на Годишна програма за работа на СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ Неготино за 2026/2027 година
- Предлог – Решение за разрешување на член на Управниот одбор на ЈП „ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“ Неготино
- Предлог – Одлука за распишување на Јавен повик за пријавување на заинтересирани лица за избор на член на Управен одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“ Неготино