Врз основа на член 50 став 1 точка 5 од Законот за локалната самоуправа (,,Службен весник на Република Македонија” бр.05/2 и ,,Службен Весник на Република Северна Македонија”бр.202/24) и член 96 став 1 точка 20 од Статутот на Општина Неготино (,,Службен Гласник на општина Неготино бр.4/2013), Градоначалникот на Општина Неготино објавува
Ј А В Е Н П О В И К
за пријавување на штети на земјоделски насади предизвикани од природни непогоди-мраз
Општина Неготино ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети на земјоделските насади предизвикани од природна непогода-пролетен мраз која ја зафати територијата на Општина Неготино на 02.05.2026 година, да пријават штета на своите земјоделски насади во просториите на општина Неготино со поднесување на Барања за надомест на штета од природни непогоди во земјоделие.
Барањето за надомест на штета од природни непогоди во земјоделието,може да се подигне во архивата на општина Неготино или да се превземе од веб страната на општина Неготино www.negotino.gov.mk и пополнето со бараните податоци се доставува до Комисијата задолжена за примање на барањата.
Во прилог кон Барањето,секој Барател потребно е да достави:
• Имотен лист
• Копија од лична карта
• Доказ за користење на земјиштето за насадите (Решение за запишување на земјоделското стопанство во единствениот регистар на земјоделски стопанства издадено од МЗШВ, Имотен лист,Договор за закуп на земјоделската површина-се доставува доколку земјиштето е под закуп)
• Изјава за неосигуран земјоделски насад ( Секој осигуран земјоделски насад не подлежи на право на обештетување )
• Изјава за согласност за користење на лични податоци
• Трансакциска сметка
Пријавувањето на штетите може да се изврши во период од 08.05.2026 г. до 13.05.2026 година секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот во салата за состаноци на општина Неготино каде што ќе се примаат барањата.



