Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( Службен весник на РМ. Бр.5/02 ) , член 77 од Статутот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06, 2/11, 9/11 и 16/12, 13/20 ) и член 57 ст. 2 од Деловникот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06 и 2/11 ) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното :
Р Е Ш Е Н И Е За свикување на дваесет и петата вонредна седница на Советот на општина Неготино
Вонредната седница ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 15.07.2021 година ( четврток ) во 12 часот . За седницата го предлагам
следниот :
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Предлог- Одлука за приоритетна инвестиција за под-проектот ул.„ЈНА“ Општина Неготино
2. Предлог- Решение за давање согласност на Измена и дополнување на Годишен план за вработување за 2021 година на ОУ Музеј на град Неготино
3. Предлог- Решение за давање согласност за расходување на движни ствари – учебници кои се застарени, неупотребливи и безвредни сопственост на СОУ „Св. Кирил и Методиј“ Неготино
4. Предлог- Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа на ООМУ „Владимир Арсовски“ Неготино за 2020/2021 година
5. Предлог- Решение за доделување на финансиски средства
6. Предлог- Решение за доделување на еднократна парична помош