
Во рамките на манифестацијата “Топол културен бран 2014” во месец август ќе бидат реализирани уште три културни настани со кои ќе биде заокружено овогодинешното издание:
– од 25 до 29 август, во кино салата на НУЦК “Ацо Ѓорчев” љубителите на филмот од нашата општина ќе имаат можност да проследат Ревија на пет македонски играни филмови;
– на 27 август, со почеток од 12 часот во градската библиотека во Неготино ќе биде отворена изложбата “Ѕвезди на светската книжевност“ проследена со петско читање и литературен перформанс;
– на 31 август, со почеток од 20.30 часот на градскиот плоштад, ќе се одржи Ликовен хепенинг во организација на галерија АРТ-М од Неготино.
Инаку претходно, во рамките на првата фаза од манифестацијата, љубителите на театарот од Неготино имаа можност да ја проследат урнебесната комедија “Жена ми се вика Борис” во изведба на театарот од Демир Капија.
