Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Вести, Новости|

Чест и задоволство е да се биде дел од програмата за одбележување на празникот по повод ослободување на Неготино, особено да се продолжи со организирање на традиционалната ликовна изложба на ликовни уметници од Неготино. Во изложбениог салон на Музеј на град Неготино поставени се 24 ликовни дела од 12 автори, изработени во различни техники, масло на платно, акрил на платно, цртежи и сл., во различни формати и различни тематски определби!

Изложбата за отворена ја прогласи Роза Јаневска, претседателка на Советот на општина Неготино, а воедно таа им ги врачи благодарниците на учесниците на оваа изложба!

 

Close Search Window