Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ бр.5/02), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 ,13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „ Сл.гласник на Општина Неготино “ бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува триесеттата редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 31.08.2023 ( четврток ) година во 14.15 часот.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Усвојување на Записник од 29 редовна седница на Совет на општина Неготино
2. Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2023 година
3. Предлог – Програма за изменување и допонување на Програмата за поставување на урбана опрема на територијата на општина Неготино
4. Предлог- Програма за поставување урбана опрема на јавни површини на градежно земјиште во градско подрачје на територија на општина Неготино за време на Неготинскиот панаѓур 2023 година ( 21, 22, 23 Септември 2023 година)
5. Предлог – Правилник за изменување и дополнување на Правилниk за постапката и критериумите за распределба на средства за остварување на јаввниот интерес во спортот
6. Предлог- Решение за формирање на Комисија за селекција по Јавен повик
7. Предлог – Одлука за субвенционирање на ЈП Комуналец Неготино за изведба на приклучоци
8. Предлог – Одлука за определување на висината на надоместокот за користење на плоштад во општина Неготино за поставување на маси на ден 16.09.2023 година за Неготинска музичка вечер 2023 година
9. Предлог – Одлука за продолжување на работното време на угостителски објекти во општина Неготино за ден 16.09.2023 година за време на одржување на Неготинска музичка вечер
10. Предлог – Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти во општина Неготино во деновите 21,22,23 септември 2023 година ( за време на Неготинскиот панаѓур)
11. Предлог – Одлука за прифаќање донација
12. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа на СОУ „ Св. Кирил и Методиј“ Неготино за учебната 2022/2023 година
13. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа на СОУ „Св. Кирил и Методиј“ Неготино за учебната 2023/2024 година
14. Предлог – Решение за доделување на финансиски средства
15. Предлог – Решение за доделување на еднократна парична помош