Врз основа на чл. 2 од Законот за локална самоуправа Сл.весник на РМ бр.5/02), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино брr.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 и 16/14и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), Претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува дваесет и деветтата редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино на ден 30.08.2019 година (петок ) во 12,00 часот.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Предлог- Програма за измена и дополнување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2019 година
2. Предлог- Одлука за давање согласност на ООУ ,,Гоце Делчев,, Неготино за формирање на паралелки со помал број ученици
3. Предлог- Одлука за давање согласност на ООУ ,,Страшо Пинџур,, Неготино за формирање на паралелки со помал број ученици
4. Предлог- Одлука за давање согласност на СОУ ,,Св. Кирил и Методиј,, Неготино за формирање на паралелки со помал број ученици
5. Предлог – Одлука за давање согласност на ЈОУДГ ,,Фемо Кулаков,, Неготино за формирање на групи со поголем број на деца
6. Предлог- Одлука за одобрување на Договор за заем број: 8902-МК, Договор за грант број : МК/ССИП 2.1.1.2 за Проект за подобрување на социјални услуги
7. Предлог- Одлука за ослободување од плаќање на надоместокот за уредување на градежно земјиште на КП бр. 8539, КП бр. 8665/2 и КП бр. 9059/1 КО Неготино
8. Предлог- Одлука за оттуѓување на движни ствари сопственост на општина Неготино
9. Предлог – Одлука за утврдување на цените и начинот на бесплатен превоз на ученици во основното и средното образование на подрачјето на општина Неготино
10. Предлог- Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа на ООУ ,,Страшо Пинџур,, Неготино за учебната 2018-2019 година
11. Предлог- Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа на ООУ ,,Страшо Пинџур,, Неготино за учебната 2019-2020 година
12. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа на ООУ ,,Гоце Делчев,, Неготино за учебната 2018-2019 година
13. Предлог- Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа на ООУ ,,Гоце Делчев,, Неготино за учебната 2019-2020 година
14. Предлог- Заклучок за усвојување на Извештајот за финансовото работење на ЈП Комуналец Неготино за периодот 01.01.2019- 30.06.2019 година
15. Предлог- Решение за давање согласност на ЈОУДГ ,,Фемо Кулаков,, Неготино на Статутарна одлука за измена и дополнување на Статутот на ЈОУДГ,,Фемо Кулаков,, Неготино и Пречистен текст од Статутот на ЈОУДГ,,Фемо Кулаков,, Неготино
16. Предлог- Решение за давање на согласност на Годишниот план за вработување за 2020 година на ЈОУДГ ,,Фемо Кулаков,, Неготино
17. Предлог- Решение за давање на согласност на Годишниот план за вработувањее за 2020 година на општина Неготино
18. Предлог – Решение за давање на согласност на Правилникот за составот и начинот на работа на Комисијата за прием на деца и утврдување на критериумите за прием на деца во ЈОУДГ ,,Фемо Кулаков,, Неготино
19. Предлог – Решение за давање на согласност на Одлуката за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време на ЈОУДГ ,,Фемо Кулаков,, Неготино
20. Предлог- Решение за доделување на еднократна парична помош
21. Предлог- Решение за доделување на финансиски средства