Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ бр.5/02), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 , 13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува 37 редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 27.12.2023 година (среда) во 12:00 часот.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Усвојување на записник од 36 редовна седница на Совет на општина Неготино
2. Предлог – Програма за работа на Советот на општина Неготино за 2024 година
3. Предлог – Програма за енергетска ефикасност на општина Неготино за 2024 година
4. Предлог – Програма за локален економски развој на општина Неготино за 2024 година
5. Предлог – Програма за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2024 година
6. Предлог – Програма за активностите на општина Неготино во областа на образованието во 2024 година
7. Предлог – Програма за активностите на општина Неготино во областа на социјалната заштита за 2024 година
8. Предлог – Програма за култура, спорт и поддршка на здруженија и фондации во 2024 година во општина Неготино
9. Предлог – Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2024 година
10. Предлог – Програма за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 2024 година
11. Предлог – Програма за заштита на животната средина на територијата на општина Неготино за 2024 година
12. Предлог – Програма за еднакви можности – Родова еднаквост 2024 година
13. Предлог – Буџет на општина Неготино за 2024 година
14. Предлог – Одлука за извршување на Буџет на општина Неготино за 2024 година
15. Предлог – Буџетски календар за 2024 година
16. Предлог – Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2024 година
17. Предлог – Правилник за постапката и критериумите за утврдување на пазарната вредност на земјишта и утврдување просечни цени на градежно и земјоделско земјиште
18. Предлог – Заклучок за усвојување на Финансиски извештај на ЈП „ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО “ Неготино за периодот од 01.01.2023 до 30.09.2023 година
19. Предлог- Решение за давање согласност на Финансиски план и програма за работа за 2024 година на ЈП „ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО “ Неготино бр. 05-464/1 од 16.11.2023 година
20. Предлог – Заклучок за усвојување на Програма за работа на Општинскиот совет на безбедност на сообраќајот на патиштата за 2024 година